Skip to main content

Израелската војска ги предупреди жителите на јужен Либан да ги напуштат своите домови

Израелската армија ги предупреди жителите на големо подрачје од југот на Либан да ги напуштат своите домови, наведувајќи дека ќе дејствува „одлучно“ против Хезболах.

Портпаролот на израелската армија за арапскиот јазик, Авохај Адраи, денеска изјави на Икс дека Либанците треба да се префрлат посеверно од реката Захрани, која во својот среден тек е оддалечена околу 56 километри од границата со Израел.

Во последните 10 дена во Либан се раселени над 800.000 лица во најновиот конфликт меѓу Израел и Хезболах поддржан од Иран, што е дел од пошироката војна во регионот на Блискиоит Исток.

Поврзани вести