Skip to main content

Тајван сака странска легија за да и се спротивстави на Кина

Тајван сака да создаде странска легија на борци за да се спротивстави на Кина во евентуален конфликт.

Политичарите и безбедносните експерти на островот дебатираат како да се зголеми бројот на војници, а создавањето на „странска легија“ е еден од бројните предлози што се разгледуваат.

Пратеникот Ричард Чен, вели дека тоа би можело да се заснова на американскиот модел, каде што странците би можеле да поминат две години во служба, па потоа да добијат државјанство, но дека формалниот процес на консултации „допрва треба да почне“.

Тајван има околу 169.000 активен воен персонал, поддржан од над 1,5 милиони резервисти, според податоците од извештајот на „ISS Military Balance 2022“.

За споредба, Кина има повеќе од 2 милиони активни војници со околу 500.000 резервисти.

Поврзани вести