
Синоќа беше објавена веста дека почина актерот Кирил Поп Христов-Кили.
Тој ќе биде погребан во јужноамериканската држава Еквадор, каде живееше околу 12 години, информираше неговото семејство. Според неговата сопруга, Кили починал во сон, од инфаркт.
Кили ќе биде погребан во Еквадор. Ќе почива во Мангларалто, покрај океанот“, објави на социјалните мрежи неговата сопруга Гордана Деан Поп Христова.
За потсетување, Кили, Гордана и нивната ќерка Јоана во 2014 година заминаа во Еквадор. Таму се омажи Јоана, а добија и внук.

Македонски

