
Италијанци и Австријци масовно одат во Словенија да полнт гориво, бидејќи цените се поветини отколку во нивните земји.
Медиумите во Италија пишуваат дека жителите на Трст и италијанскиот регион до границите, како и Австријците масовно одат во Словенија, наречена „бензински рај“ и ги празнат залихите од гориво.
Цените на бензинот во Словенија растат, но помалку отколку во другите земји. Словенечката влада ги намали акцизите, со што се намали зголемувањето на цените на бензинот и дизелот. Цените во Словенија се прилагодуваат на секои две недели врз основа на меѓународните цени на горивата и курсот евро-долар.
„Словенија Петрол“ вели дека во моментов немаат проблеми со залихите, иако некои бензински пумпи најавуваат дека им снемуваат одредени видови горива. Побарувачката е особено голема на граничните бензински пумпи.
„Мол Словенија“, од друга страна, објави дека регистрирала поголема побарувачка за гориво од вообичаеното на граничните бензински пумпи, но нагласи дека имало мало празнење на залихите.

Македонски

