Skip to main content
Директорката на УЗКН, Весела Честоева на панел дискусија во Истанбул за значењето и зачувувањето на гајдата како еден од најпрепознатливите традиционални инструменти на македонската музика

Гајдата претставува силен симбол на нашиот културен идентитет, традиција и духовно наследство

На покана на директорот на Македонскиот култрно -информативен центар во Истанбул м-р Диме Ратајковски, а по повод Светскиот ден на гајдата, на 10 март 2026 година, имав чест да учествувам заедно со Ивона Опетче, експерт за нематерјално културно наследство на панел дискусија посветена на значењето и зачувувањето на гајдата како еден од најпрепознатливите традиционални инструменти на македонската музика, информира директорката на Управата за заштита на културно наследство, Весела Честоева.

На панел дискусијата учествуваа и претставници од Турското министерство за култура и туризам и заменикот директор на Управата за културно наследство, како и истакнати дипломати и бизнисмени од Бурса и Истанбул.

Гајдата претставува силен симбол на нашиот културен идентитет, традиција и духовно наследство. Во рамките на дискусијата разговаравме за потребата од континуирана заштита, промоција и пренесување на ова богато музичко наследство на младите генерации, како и за улогата на институциите, музичарите и истражувачите во неговото зачувување. Настанот посвететен на овој ден е потсетник дека традицијата живее преку луѓето кои ја негуваат и ја пренесуваат. Грижата за нематеријалното културно наследство е наша заедничка одговорност, но и гордост која ја споделуваме со светот.

Во рамките на панел дискусијата имавме можност да го чуеме звукот на македонската гајда преку изведбата на Љупчо Најдоски од Македонски Брод, како и турскиот тулум во изведба на Мустафа Беј од Истанбул, истакна Честоева.

Поврзани вести