Skip to main content
xGSi8-kJAQw

Tудор го смени голманот по 15 минути, еве зошто

 Тренерот на Тотенхем, Игор Тудор, го коментираше вклучувањето на голманот Антонин Кински во почетниот состав на мадридскиот тим по поразот од 5:2 од Атлетико Мадрид во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

-Изборот на Кински беше правилна одлука. Тој е талентиран голман, но нешто се случи… Во моите 15 години тренерско работење, ова ретко се случуваше; никогаш не сум направил нешто слично. Морав да му помогнам на човекот, да му помогнам на тимот. Оваа сезона, се чини, сè оди против Тотенхем.
Му објаснив на Тони дека е добар голман. За жал, овие грешки се случија во толку важен натпревар. Тој му се извини на тимот. Тимот го поддржува. И јас го поддржувам. Разговарав со него. Тој ја разбира ситуацијата и разбира зошто беше заменет, изјави Тудор за „Индипендент“.

Дваесет и двегодишниот Чех е син на поранешниот голман на Сатурн, Антонин Кински. Ова беше неговото деби во Лигата на шампионите.

Реваншот ќе се одржи на 18 март во Лондон

Поврзани вести