Skip to main content
СТАВ НА ВМРО-ДПМНЕ

Венко го демантира Филипче дека во Македонија ќе се градат мигрантски кампови

СДС е изгубен во сопствениот ПР и секојдневно ја губи довербата на граѓаните. Политичката криза во СДС се продлабочува дополнително и со ПР конфузијата која владее во партијат, тоне во сопствениот ПР на лаги, манипулации и деструкција што дополнително допринесува за падот на довербата кај граѓаните,обвини ВМРО-ДПМНЕ.

СДС и Филипче се обидоа да стекнат политички поен плус ширејќи лаги за наводни мигранти во Македонија но беа демантирани од сите релевантни институции. Филипче и СДС беа демантирани и од британскиот амбасадор, но сепак продолжија со лагите и измислиците.

Венко Филипче и СДС лажеа дека никогаш не говореле за мигрантски кампови во Македонија, а самиот Филипче кажа дека Македонија станува голем мигрантски камп и црна точка во Европа.

Колку повеќе спинови пласира СДС толку поочигледна е нивната политичка слабост и немоќ. СДС нема стратегија ниту за партијата, ниту пак за државата. СДС на чело со Филипче, а под менторство на Заев се сведе на трета партија во државата на ниво од 130.000 гласа.

СДС и Филипче имаат конзистентна пракса на креирање спинови, испраќаат контрадикторни пораки каде меѓусебно партиските функционери се демантираат, во отсуство на аргументи извртуваат факти или пак селективно ги презентираат и на тој начин ја деградираат јавната дебата во државата.

Наместо да се извинат на граѓаните СДС и Филипче шират лаги и ја трујат јавната дебата предводени од српските ПР агенции на чело со Башановиќ.

На Македонија и е потребна конструктивна опозиција со конкретна визија и проекти, а не партија која шири страв и сее паника.

Поврзани вести