
Приказна за моќта, амбицијата и човечката природа – класиката на Вилијам Шекспир оживува на сцената на НУ Народен театар Битола.
Во режија на Мартин Мирчевски, „Ричард Трети“ е силна и возбудлива театарска приказна која ги отвора прашањата за лицемерието, жедта за власт и темната страна на човекот. Претстава која не остава рамнодушен никого и нè тера да се запрашаме: колку Ричард има во секој од нас?
11 март 2026
20:00 часот
Голема сцена – НТБ
На сцената настапуваат:
Мартин Мирчевски, Илина Чоревска, Маја Андоновска-Илијевски, Викторија Степановска-Јанкуловска, Марија Стефановска, Александар Стефановски, Филип Мирчевски и Кристијан Танчевски.

Македонски

