Skip to main content

Во струмичкиот театар почнаа подготовките за „Трговци со презервативи“ во режија на Дејан Ангелов

Театар Антон Панов Струмица

Во струмичкиот театар „Антон Панов“ започнаа подготовките на новата претстава „Трговци со презервативи“ од Ханоx Левин, во режија на Дејан Ангелов.

Сценскиот дизајн е на Филип Коруновски, додека музиката и изведбата во живо им се доверени на Ставро Анѓелаков и Љубен Маџиров.

Во актерската екипа настапуваат: Јулија Милкова, Стојан Велков – Трн и Игор Тодоров.

Премиерата на претставата е закажана кон крајот на април. Публиката ја очекува уште еден нов и возбудлив театарски проект на сцената на струмичкиот театар.

Поврзани вести