Skip to main content

Општина Пустец за првпат ќе добие канализациска мрежа

Група експерти од Националната агенција за водовод и канализација (AKUK) од Тирана реализираа работна посета во Општина Пустец, во рамки на подготовката на проектот за изградба на канализациска мрежа за сите села на општината. 

За време на посетата беа извршени теренски проверки и беа разгледани техничките детали на проектот, кој се смета за една од најважните инвестиции за ова подрачје. Целта на овој проект е создавање на модерен канализациски систем, кој трајно ќе го реши проблемот со загадувањето и значително ќе ги подобри условите за живот на жителите на Општина Пустец“, информираат од општината. 

Оттаму додаваат дека оваа значајна инвестиција ќе се реализира од страна на Владата на Албанија, придонесувајќи за заштита на животната средина, зачувување на Преспанското Езеро и одржлив развој на целиот регион. 

На средбата присуствуваше и градоначалникот Пали Колефски, кој  изрази благодарност до централните институции за поддршката и секако за ангажманот на експертите од AKUK. 

Според него овој проект претставува важен чекор кон помодерна инфраструктура и почиста животна средина за заедницата.

Поврзани вести