
Во Државниот архив денес се одржа средба со министерката за образование проф. д-р Весна Јаневска, директорот на Државниот архив м-р Димитар Богески, заменичката директор Тренделина Деари и раководствата на, Институтот за национална историја, Филозофскиот факултет и Бирото за развој на образованието.
Се разговараше за продлабочување на соработката, дигитализација на архивскиот материјал и можноста оргиналните архивски материјали да станат дел од учебниците.
Беше истакната и потребата од стимулации за нови студенти по архивистика – стипендии, поддршка и подобра валоризација на професијата.
Заеднички се дојде до заклучок дека: Силната институционална координација е клучна за развој на архивистиката, историографијата и нивното поврзување со младите генерации.

Македонски

