
Германија привремено го повлекла персоналот на својата амбасада во Багдад, поради зголемени безбедносни ризици кои произлегуваат од конфликтот на Блискиот исток, соопшти портпаролот на германското Министерство за надворешни работи.
Персоналот на германската амбасада во Багдад сега е привремено преместен од Ирак поради заканата“, рече портпаролот, пренесувајќи денес Ројтерс.
Портпаролот додаде дека безбедноста на персоналот на амбасадата во Багдад се проценува континуирано, како и дека правните и конзуларните услуги на амбасадата веќе подолго време биле сериозно ограничени поради безбедносната ситуација.
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави доцна синоќа во Никозија, за време на посетата на Кипар, дека за регионалната ситуација разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио. Двајцата го осудија „неселективното“ дејствување на Иран против земјите во регионот и го повикаа Техеран да ги прекине нападите.

Македонски

