
Македонскиот културен центар со големо задоволство пречека многубројни посетители на отворањето на изложбата на Северин Бургерс (Белгија). На изложбата, уметницата ги претстави своите дела посветени на жените од Бангладеш, како и неколку слики инспирирани од прекрасниот кањон Матка., информираат оттаму на својот фејсбук профил.
Вечерта беше посветена на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената , но и на славење на креативноста, соработката, пријателството и уметноста која ги поврзува луѓето.
Gur Elements ја претстави својата уникатна рачно изработена накит колекција , додека Кристијана Бела ги изложи своите авторски дизајни на накит, додавајќи уште повеќе елеганција и убавина на просторот.
Директорката на Центарот, Ема Попивода, им се обрати на присутните и ја збогати вечерта со краток пијано настап.
За музиката во текот на вечерта се погрижи DJ Nijo

Македонски

