Skip to main content

Орбан предупредува: Унгарија може да ја прекине струјата за Украина

Facebook/Orbán Viktor

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека не ја исклучува можноста Унгарија да ги прекине испораките на електрична енергија за Украина, по прекинот на дотокот на руска нафта кон земјата преку нафтоводот Дружба.

Орбан посочи дека досега избегнувал ваков потег поради загриженоста за етничките Унгарци кои живеат во Украина, но предупреди дека актуелната ситуација ја доведува во прашање енергетската соработка меѓу двете земји.

„Наш непријател не е украинскиот народ, туку нивните лидери кои ја свртуваат Украина против нас“, изјави Орбан.

Неговата изјава доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Будимпешта и Киев, поврзани со енергетските прашања и политичките несогласувања, особено по прекинот на снабдувањето со руска нафта преку нафтоводот „Дружба“.

Поврзани вести