Skip to main content

Во израелските напади сериозно оштетени две болници во Иран

Иранските државни медиуми објавија големи штети низ целата земја по ноќните американско-израелски воздушни напади, вклучително и на две болници во југозападната покраина Хузестан.

Според државната телевизија, медицинскиот центар Рази во градот Ахваз и болницата Имам Али во Андимешк биле сериозно оштетени.

Државниот радиодифузер, исто така, објави дека цел на падите би и еаеродромот Мехрабад во западен Техеран. Погодени се и воени објекти во Техеран, како и во централен, западен и северозападен Иран.

Израелската армија (ИДФ) утрово објави дека почнала нов голем бран напади врз Техеран и Исфахан.

Армијата почна голем бран напади врз инфраструктурата на терористичкиот ирански режим во Техеран и Исфахан“, се вели во соопштението.

Претходно, ИДФ објави дека синоќа нападнале цели во Техеран, вклучувајќи подземно складиште за балистички ракети и вишото воено училиште на Корпусот на иранската исламска револуционерна гарда, Универзитетот Имам Хусеин.

Израелските сили ги нападнале Техеран и Централен Иран со над 80 авиони.

Поврзани вести