
На маргините на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија, кое се одржува од 15 до 19 април 2026 година во Истанбул, претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари билатерални средби со претставници на парламенти и меѓународни организации.
На средбата со претседателот на парламентот на Грузија, Шалва Папуашвили, и двајцата изразиле задоволство од позитивниот развој на билатералните односи и ја нагласија заедничката подготвеност за продлабочување на парламентарната соработка, размена на искуства во спроведувањето на реформите и зајакнувањето на демократските институции и владеењето на правото.

Била истакната и важноста на 67. Генерално собрание на ПАБСЕК во Тбилиси како можност за натамошен дијалог. Претседателот Папуашвили му упатил покана на претседателот Гаши да го посети Тбилиси во тој период.
Претседателот Гаши го посетил седиштето на Парламентарното собрание на Црноморската економска соработка (ПАБСЕК), каде што имал средба со генералниот секретар Асаф Хаџиев. Двајцата соговорници ја потврдиле посветеноста на Република Македонија кон активното учество во ПАБСЕК. Тие разменија мислења за можностите за поактивно вклучување на националните парламенти во регионалната соработка, особено во областа на економската поврзаност, инфраструктурниот развој и енергетската безбедност.

Претседателот Гаши се сретнал и со претседателот на Глобалниот совет за толеранција и мир, Ахмед бин Мухамед ал Џарван. На средбата била потврдена посветеноста на двете страни кон соработката предвидена со меморандумот за соработка потпишан во ноември 2025 година во Скопје. Претседателот Гаши ја истакнал улогата на Македонија во промовирањето на толеранцијата како секојдневна вредност.
Сите средби се одвивале во конструктивна и пријателска атмосфера. Претседателот Гаши повторно ја потврди посветеноста на Собранието на Република Македонија кон активната парламентарна дипломатија и зајакнувањето на меѓународната соработка.

Македонски


