
Во вечерашното извлекување на играта на среќа Лото 7 од 37, кое се емитува на Канал 5 телевизија, беше извлечена главната премија – 7-ка.
Среќниот добитник во 18-тото коло освои 78.522.512 денари, односно околу 1.280.000 евра, а добитното ливче е уплатено во Кавадарци.
Добитната комбинација е:
10, 1, 8, 4, 5, 2, 11, односно 1, 2, 4, 5, 8, 10 и 11.
Со шест погодоци беа регистрирани 15 добитни комбинации, а секоја од нив ќе добие по 31.707 денари.

Македонски

