Skip to main content

Абдул Јашари од Скопје стана полковник во новата сириска војска, тој е еден од шесте странци кои добиле доверба од Ал Шара

Скопјанецот Абдул Самрез Јашари, познат и како Абу Катада ал-Албани, според неговото име како член на Ал Каеда, е назначен за полковник од новата влада во Сирија. Инаку Јашари (48), Албанец од Македонија, ја предводеше Џемати Албан, милитантна група составена од претежно етнички Албанци од Балканот од Македонија, Косово и Албанија. Групата која се здружи со Хајат Тахрир ал-Шам (ХТШ). ХТШ е исламистичката група, означена како терористичка организација од САД и ЕУ, која го собори сирискиот претседател Башар ал- Асад во декември 2024 година, пренесува Радио Слободна Европа.

Јашари беше прогласен за терорист од Министерството за финансии на САД во 2016 година.

Според информациите кои може да се пронајдат на интернет, новиот сириски режим, предводен од водачот Ахмад ал Шара (Абу Мохамад ал-Џулани) има додадено странски платеници во Министерството за одбрана.

Сирискиот политички аналитичар Марам Сусли, позната и како „сириска девојка“, известува дека од 6 новоназначените бригадни генерали, 3 се „странски борци на Ал Каеда кои не се од Сирија“.

1) Абдул Рахман Хусеин Ал-Хатиб, Јорданец, чие име во Ал Каеда било „Абу Хусеин Ал-Јордани.

2) Абдул Азиз Давуд Худабарди, источен Туркастан или Ујгур, чие име во Ал Каеда било „Абу Мухамед Ал-Туркистани“.

3) Омар Мухамед Гифтчи, Турчин, чие име во Ал Каеда било „Мухтар Ал-Турки.

Дополнително, друг странски борец по име Абдул Самрез Јашари од Македонија, чие име во Ал Каеда беше „Абу Катада Ал-Албани“, доби чин полковник.