
Постот не е невозможна мисија ако се храните со здрави намирници и правилно ги комбинирате
Состојки:
1,5 кг компир
600 г спанаќ
5-6 зелени делови од млад кромид
За преливот:
сок од 1 лимон
1/2 лажиче сол, бибер
2 лажици сенф
4-5 чешниња лук
100 мл масло
Приготвување:
- Сварете го компирот и тргнете го на страна.
- Сварете го спанаќот и исечкајте го ситно, па измешајте го со компирот.
- Исечкајте ги зелените делови од младиот кромид и измешајте го сето тоа.
- Во посебно чиниче измешајте сол, бибер, сенф, масло, лук и со тоа зачинете ги компирот и спанаќот.

Македонски

