На социјалните мрежи се појави видео од луѓе кои панично бегаат по најпрометната улица во Лондон, која беше евакуирана поради закана за бомба.
На видеото, многу луѓе бегаат без да ја погледнат зад себе за што поскоро да побегнат од местото каде што наводно се наоѓа автомобил со поставена бомба.
На купувачите, работниците и жителите им било наредено да ги напуштат зградите околу улицата „Реџент“, откако автомобил бил паркиран пред светски познатата продавница за играчки „Хамли“.
Како мерка на претпазливост, во областа се случија неколку контролирани експлозии. Кордонот полиција беше проширен за да покрие уште четири улици со пренасочување на автобуси.
– Патиштата се затворени во близина на улицата „Реџент“ и улицата „Њу Бурлингтон“ додека полицајците истражуваат сомнително возило. Полициските службеници превентивно извршиле серија контролирани експлозии – велат од Метрополитен полицијата.
#BREAKING: London's Regent Street evacuated over "bomb threat." pic.twitter.com/D5V6jynD85
— Insider Wire (@InsiderWire) January 8, 2025