Skip to main content

Иран предупреди дека неговите непријатели нема да бидат безбедни ниту во сопствените домови

Иран предупреди дека неговите непријатели нема да бидат безбедни ниту во сопствените домови.

Исламската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешните загуби на врховниот лидер и други високи функционери „не го разнишаа (Иран), туку го направија посилен“, објави државната телевизија на Исламската Република Иран.

Револуционерната гарда соопшти дека Иран ќе продолжи да се бори „сè додека непријателот не биде поразен“.

„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во сопствениот дом“, порача гардата. 

МИА

Поврзани вести