Skip to main content

Рубио изјавил дека САД не го таргетирале Хамнеи и не барале промена на режимот во Иран

Facebook Marco Rubio

Aмериканскиот државен секретар, Марко Рубио, во разговор со конгресменот Мајк Тарнер изјавил дека американската војска не делувала за да го елиминира раководството на Иран, вклучително и врховниот лидер Али Хамнеи. Според Рубио, американскта цел не била да се елиминира власта во Исламската република.

Тој јасно стави до знаење: „Ние не го таргетиравме Хамнеи, ние не го таргетиравме конкретно иранското раководство“, рече конгресменот.

Тарнер вели дека е „клучно важно“ да се разбере дека САД „не бараат промена на режимот“.

САД напаѓаат ирански воени цели“, уверува тој.

Поврзани вести