Skip to main content

Општините во фокус, Перински повика на партнерска соработка преку Ресурсниот центар

Министерство за локална самоуправа

Во организација на Министерството за локална самоуправа денеска се одржа практична работилница на тема: „Презентација на постапката за поднесување барање за поддршка од општините во рамки на Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините“.

Иако локалната власт е самостојна и има сопствени изворни надлежности и одговорности, преку партнерска соработка и взаемна поддршка можеме да постигнеме многу повеќе. Затоа градиме концепт за синергија на сите расположливи ресурси во државата кои ќе бидат ставени во функција на општините, истакна министерот за локална самоуправа Златко Перински, кој присуствуваше на настанот.

Тој додаде дека станува збор за процес што заеднички со општините ќе продолжат да го градат, унапредуваат и прилагодуваат, водени од реални потреби и искуства од секојдневното општинско работење.

Во обраќањето, министерот за локална самоуправа упати апел до општините активно и рационално да ги користат расположливите механизми за поддршка.

Тој нагласи дека Владата останува силно посветена на поддршка на општините преку инвестиции, јакнење на капацитетите и обезбедување практични алатки што ќе придонесат за поефикасна локална администрација и поквалитетни услуги за граѓаните.

Министерството за локална самоуправа, како што најавија оттаму, и во наредниот период ќе продолжи со активности насочени кон унапредување на соработката со општините.

Работилницата беше наменета за претставници на општинската администрација, со цел нивно практично запознавање со дигиталната алатка, процедурите за поднесување барање за поддршка и начинот на евалуација на испорачаната поддршка кон општините.

Поврзани вести