
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа колку Владата им помага на општините за развој и инфраструктура, за овие повеќе од две години, изјави:
Па ние очекуваме, мислам дека во Скопје беше 16, а во Македонија 37. Значи 16 се во фаза на изработка во Скопје, а 37 се на целата територија на земјата. И со тоа како што кажав, резултатот очекувам на крајот да нема повеќе листи на чекање за дечињата.“
Во однос на проектите за кои аплицираа општините и колку се реализирани до сега, претседателот Мицкоски додаде:
Па некаде околу милијарда и пол, ако не се лажам, милијарда и пет сто милиони, тоа се околу 25 милиони евра се средства наменети, односно децентрализирани од буџетот кон општините за изградба, проширување, реконструкција, пренамена и така натаму на градинки.“

Македонски


