Skip to main content

Сиљановска-Давкова со највисоки почести го пречека претседателот на Албанија, Бајрам Бегај

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести денеска во вила „Водно“ го пречека својот албански колега Бајрам Бегај, кој е во официјална посета на земјава.

По пречекот тие имаа тет-а-тет средба, а потоа и пленарен состанок на македонската и албанската делегација.

Се очекува Сиљановска-Давкова и Бегај да имаат и заедничка прес-конференција.

За време на посетата, тој ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Според агендата на официјалната посета, албанскиот претседател ќе има средба и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, а потоа и ќе се обрати пред пратениците.