
По лудиот, незаборавен и епски настап во Охрид, француската DJ суперѕвезда HUGEL повторно се враќа во Македонија – но овојпат со уште поголема продукција и уште пожесток сет. На 13 март 2026 година, СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на едно од најголемите електронски музички случувања во регионот.

По серија настапи на најпрестижните светски сцени и фестивали, меѓу кои Tomorrowland, Ushuaïa Ibiza и Parookaville, HUGEL моментално важи за еден од најбараните DJ-и и продуценти на глобалната сцена. Неговиот препознатлив звук – микс од tech-house, latin-house и европска клубска енергија – редовно се наоѓа на врвот на стриминг платформите.
Настапот во Охрид беше оценет како еден од највпечатливите електронски настани во последните години, а очекувањата за скопското шоу се уште поголеми. Организаторите најавуваат продукција на светско ниво, усогласена со стандардите што HUGEL ги поставува на меѓународните сцени.
Публиката ќе добие шоу со целосна визуелна и звучна продукција, каква што се гледа на најголемите европски фестивали“, велат од организацијата.

Македонски



