
Повторно фатен малолетник кој управува со возило.
На 25.02.2026 во 19:50 часот, при контрола во патниот сообраќај, полициски службеници од ОВР Струга, сопреле патнички автомобил „фолксваген туран” со струшки регистарски ознаки, при што било констатирано дека го управувал 16-годишник кој сè уште немал законско стекнато право за управување моторно возило, информираа од МВР.
По консултација со јавен обвинител, полициските службеници, во присуство на член на семејството на малолетникот, извршиле службен разговор и возилото го одзеле.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, велат оттаму.

Македонски



