
Трагедија го погоди Непал рано утрово кога автобус преполн со патници, кој се движел кон главниот град на земјата Катманду, скршнал од курсот на планински пат, при што загинале 18 лица , а уште 28 биле повредени, пренесува Нешнал хералд Индија.
Според полицијата, автобусот што превезувал десетици патници и патувал од популарниот туристички град Покара до Катманду, кратко по полноќ, излетал од провинцискиот пат Притхви, се стркалал по планинска падина и завршил на брегот на реката Тришули, во близина на округот Бенихат, околу 80 километри западно од главниот град.
Спасувачите пристигнале на местото на настанот кратко по несреќата и ги извлекле повредените од урнатините, префрлајќи ги во болници на лекување.
Властите ги истражуваат причините за несреќата.
Автобуските несреќи се чести во Непал, главно поради лошата состојба на патната мрежа и лошото одржување на возилата. Голем дел од земјата е покриен со планински терен и е поврзан со тесни и опасни патишта.
Во 2024 година два автобуса со вкупно 65 патници паднале во истата река и биле однесени, при што повеќето патници загинале или се водат како исчезнати. Остатоците од едното возило биле пронајдени дури оваа година, закопани длабоко во песокот.

Македонски



