Студентите кои организираат блокади во Србија ги повикаа граѓаните да им се придружат в недела, на 12 јануари, на протест пред Уставниот суд во Белград.
„Ние студентите во блокада ве повикуваме да се придружите на протестот во недела на 12 јануари во 16 часот пред Уставниот суд и да не поддржите. Во последните недели бевме сведоци на кршење на Уставот и затоа ние решивме симболично да се собереме пред зградата на Уставниот суд и да го изразиме нашето незадоволство“, се вели во соопштението на студентите.
„Иако можеме да избереме кој било ден за протестот, решивме да биде недела за да ни се придружите и вие работниците. Тоа што и вработените во Уставниот суд тој ден не се во зградата не ја намалува важност на нашето дејствување – Уставот важи секој ден и затоа е важно во секое време да се потсетуваме на нашите права кои со него се загарантирани“, се наведува во соопштението.