Skip to main content

Повторно драма: Дете висеше од жичарницата на Јахорина

Принтскрин од видео

На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичарница.

Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.

На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.

Засега не е познато дали детето е повредено.

Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

Поврзани вести