Skip to main content

Унгарија ќе ја блокира помошта на ЕУ за Украина и новите пакет санкции против Русија

Фејсбук профил на Петр Сијарто

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, денеска најави дека неговата земја ќе го блокира обидот на Европската Унија (ЕУ) да го усвои 20-тиот пакет санкции против Русија, како и обезбедувањето дополнителна помош за Украина.

На утрешниот Совет за надворешни работи, ЕУ има за цел да го усвои 20-тиот пакет санкции. Унгарија ќе го блокира. Додека Украина не го продолжи транзитот на нафта до Унгарија и Словачка преку нафтоводот „Дружба“, нема да дозволиме да се донесуваат одлуки важни за Киев, напиша Сијарто во објава на X.

Сијарто додаде дека Унгарија ќе го блокира и големиот заем од ЕУ за Украина од 90 милијарди евра, кој треба да ги покрие воените и економските потреби на Киев за следните две години.

Поврзани вести