Skip to main content

Германија ги повикува своите граѓани да го напуштат Иран, по новите заканите од САД

Германската амбасада во Иран ги предупреди своите граѓани да ја напуштат земјата, наведувајќи ги растечките ризици поради зголемените регионални тензии.

Амбасадата ја опиша безбедносната ситуација како „екстремно нестабилна и многу напната“, истакнувајќи дека затворањето на воздушниот простор и откажувањата на летови може да се случат во секое време. Од амбасадата додаваат дека конзуларната поддршка на терен во моментов е ограничена.

Предупредувањето доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп сигнализираше дека „размислува“ за ограничен воен удар врз Иран за да изврши притисок врз Техеран да постигне договор, бидејќи Вашингтон го зголемува своето воено присуство во регионот.

Поврзани вести