Skip to main content

Калас: В понеделник го усвојуваме новиот пакет санкции против Русија

Европската Унија настојува в понеделник да го усвои новиот пакет санкции против Русија, изјави денеска шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, на состанокот на групата земји Е5.

Следниот понеделник целта ни е да го усвоиме 20-тиот пакет санкции против Русија – рече Калас, со оценка дека досегашните пакети санкции даваат резултати, пренесува „Гардијан“.

Според неа, санкциите нанесуваат сериозна штета на руската економија, а секоја нова мерка дополнително ја ограничува способноста на Москва да води војна.

Москва не е непобедлива. Нејзината војска трпи рекордни жртви, а економијата е под голем притисок. Но, Путин нема да ја прекине оваа војна додека трошоците не бидат поголеми од придобивките, а тоа е точката што мораме да ја достигнеме – рече Калас.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп ги продолжи санкциите на САД кон Русија за уште една година поради војната во Украина.

Поврзани вести