
Денеска, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) оствари средба со претставници од Дирекцијата за справување со катастрофи – АФАД од Турција и од Националната агенција на доброволци на Бугарија, информираат од ДЗС.
Ангелов ја потенцираше значајноста на програмската цел за зајакнување на волонтерските и институционалните активности за унапредувањето на меѓународната соработка и помагање меѓу трите држави при кризни ситуации. Средбата во Дирекцијата е остварена согласно учеството на ДЗС како партнер во програмските активности во рамки на проектот „Силни волонтери, силна држава“ на европската програма “Еразмус +”.
Инаку, конкретниот проект се фокусира врз мерење и на социјалниот импакт на волонтерите, промовирање на дигитална платформа за споделување ресурси, истакнување на постоечките предизвици и проблеми со коишто се соочуваат волонтерите, а и изнаоѓање заеднички решенија за подобрување, унапредување на соработката и социјалната солидарност. Во рамки на престојот во Македонија претставници од АФАД од Турција и од Националната агенција на доброволци на Бугарија остваруваат плански активности и средби и со други институционални и волонтерски организации.

Македонски



