Skip to main content

Мандолинскиот оркестар „Скопје” денеска ќе одржи еко-концерт во Детскиот дом „11 Oктомври“

Мандолинскиот оркестар „Скопје” ќе одржи еко-концерт во Детскиот дом „11 Oктомври“ во Скопје денеска (18 февруари) од 11 часот. Ќе диригира маестро Ерхан Шукри. Концертот под мотото, „Со музика за почиста животна средина“ се одржува по повод Светскиот ден на батеријата и е во соработка со здружението „Нула отпад“.

Децата и персоналот од Домот место влезница треба да донесат една стара батерија. Ќе се свират дела од Бах, Бранѓолица, Мандонико и други.

Поврзани вести