
Македонците се иселуваат од село Требиште, Голо Брдо, Албанија. Од 700 сега има само 130 семејства. “Жителите-Македонци, што сè уште живеат таму велат дека причините за иселувањето се бројни и долготрајни. Меѓу главните проблеми ги наведуваат лошата патна инфраструктура, нестабилното снабдување со електрична енергија, ограничените здравствени услуги, и немањето никакви можности за вработување, објави весникот “Илинден”.
Згора на тоа, албанската влада донесе одлука во тој регион да се градат мигрантски кампови што предизвика незадоволство меѓу Македонците.

Македонски



