
Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 17 години. Оваа песна доаѓа откако Јован се врати на сцената, прво со ремиксот на култната „Магија“ во соработка со Пајак, а потоа и дуетот „Адреналин“ што го испеа заедно со Елвир Мекиќ.
„Не ти стои“ е комплетно авторско дело на Јован – тој ги напиша музиката, текстот, а стои и зад аранжманот на песната. „Среќен сум што после толку години направив песна која се надевам ќе им се допадне на оние што растеа со моите песни, но и на помладите, кои денес ја откриваат музиката од тоа време. И сигурен сум дека заедно ќе ја пееме песната на концертот во јуни“, вели Јованов.
Нашиот пејач веќе некое време е фокусиран на големиот концерт што заедно со Елвир Мекиќ ќе го одржи во арената „Борис Трајковски“ во Скопје на 6 јуни.

Македонски



