
За мене системот Безбеден град не е само систем за детектирање на сообраќајни прекршоци и казнувања, туку за мене овој систем значи пред се, како што видовме спасување на човечки животи – истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеничката Бојковска дискутираше за имплементацијата на системот Безбеден град како и неговото функционирање, додавајќи дека целта е да се обезбеди заштита на човечки животи како и зголемување на сообраќајната култура.
Со самиот систем на Безбеден град, го поздравувам тоа што македонските граѓани го покажаа, тоа значи дека можеме да имаме соодветна сообраќајна култура и да одговориме на оние предизвици коишто сега се пред нас. И многу ме радува што не само што учесниците во сообраќајот покажаа една зрелост и почитување на законите, туку гледам и соодветни позитивни впечатоци од оние коишто не се директни учесници во сообраќајот – посочи Бојковска.
Бојковска нагласи дека иако одредени политички структури не дале поддршка во Собранието за гласање на сет законски измени коишто ќе се усогласат со овој систем на Безбеден град и коишто ќе донесат едно позитивно законско решение, таа истакна дека сепак целта на ВМРО-ДПМНЕ којашто е најважна е да се обезбеди функционален систем во интерес на граѓаните.
Многу жалам што навистина, овој систем за безбеден град треба да биде пред се еден натпартиски систем и едно натпартиско делување, и тоа и го покажавме во нашето делување, да повикаме на консензус кога се работи за безбедноста за граѓаните, бидејќи ценам дека безбедноста на граѓаните не е партиско прашање, туку тоа е национално државно прашање за коешто требаше сите ние да застанеме. Безбедноста на граѓаните не препознава партиска определеност, не познава верска определеност, препознавање по однос на одредена нација и затоа многу ми е жал, можам дека кажам дека за овој систем Безбеден град определени политички структури не дадоа поддршка онаму каде што беше најпотребно, а тоа беше во Собранието со гласање на оној сет на законски измени. Видовме реторики во коишто дневнополитички теми се отвораа, за мене сосема непотребно, како пратеник и како граѓанин пред се стојам на онаа цел којашто за нас е најважна, а тоа е да се обезбеди овој систем на Безбеден град да биде целосно функционален, без партиски стеги, без партиско влијание, целосна дигитализација за да можеме да имаме една поголема функционалност на самиот систем – децидна е Бојковска.

Македонски



