Skip to main content

Мисајловски: Преку конкретни договори со сојузнички држави ја унапредуваме опременоста, интероперабилноста и придонесот кон колективната одбрана на Алијансата

Денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествував и се обратив на состанокот на Северноатлантскиот совет, заедно со министрите за одбрана на сојузничките земји, oбјави на својот фејсбук профил министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во услови на динамични глобални геополитички предизвици, единството на Алијансата е од суштинско значење за зајакнување на одбраната и безбедноста.

Нашата определба е јасна и недвосмислена – мир, безбедност и стабилност како темел на просперитетот.

Продолжуваме со континуирано зголемување на инвестициите во одбраната и со модернизација на македонската Армија.

Преку конкретни договори со сојузнички држави ја унапредуваме опременоста, интероперабилноста и придонесот кон колективната одбрана на Алијансата.

Поврзани вести