Skip to main content

Николоски: Потврдена определбата на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион

Facebook/Aleksandar Nikoloski

Потврдена определбата на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион, објави на Фејсбук, министерот за транспорт, Александар Николоски
Висока Владина делегација оствари средба со генералниот директор на УНЕСКО, Калед Ел-Енани, претседателот на 43-тата Генерална конференција на УНЕСКО, Конгкер Мохамад Талха, и претседателот на Извршниот одбор на УНЕСКО, Насер бин Хамад Ал Хинзаб, каде што разговаравме за значењето на УНЕСКО во современиот свет како единствена мултилатерална организација што промовира дијалог и меѓународна соработка во областите на образованието, науката, културата и комуникациите.
Во фокусот на разговорите беше состојбата на Охридскиот Регион како природно и културно светско наследство, при што беше нагласена важноста од континуирана и навремена имплементација на препораките за заштита, со цел зачувување на неговиот статус на Листата на светско наследство.
За време на средбите беше потврдена определбата на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион, како и подготвеноста за продолжување на соработката со Република Албанија во рамки на постојните механизми, со цел обезбедување долгорочна и одржлива заштита на регионот, објави Николоски.

Поврзани вести