
Неговите коментари дојдоа само неколку дена по разговорите во Абу Даби, кои САД, Украина и Русија ги опишаа како тешки, но конструктивни, а сугерираа дека постигнувањето конечен договор може да биде многу тешко, објавија РИА и Reuters.
Русија сè уште се држи до своите почетни, максималистички барања. Тие вклучуваат територијални претензии кон источните региони на Украина и противење на каква било можност Украина да се приклучи на НАТО или да биде домаќин на западни сили на нејзина територија како дел од безбедносните гаранции.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во своето вечерно обраќање рече дека „сигурните безбедносни гаранции се единствената вистинска основа за мир“. Тој, исто така, предупреди дека Русија би можела да го тестира секое мирно решение со напади или „некои хибридни операции“.
Во меѓувреме, Кремљ соопшти дека датумот за следната рунда разговори сè уште не е одреден, но дека тие веројатно ќе се одржат наскоро. Во исто време, Русија продолжи да ја напаѓа енергетската инфраструктура на Украина.

Македонски



