Skip to main content

Индициите упатуваат на многу поголем криминал, ова е само почеток, рече Мицкоски најавувајќи проширена истрага

Владата денеска ќе донесе задолженија за спроведување проверки и во други фирми кои се занимаваат со производство на марихуана, најави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека актуелната акција е само почеток на многу поширока истрага.

Не би се изненадил ако дојдеме до сто тони заплена“, изјави Мицкоски.

Прашан дали марихуаната што завршила во Србија поминала преку граница како пломбиран товар, пријавен во документацијата како друг производ, Мицкоски одговори дека засега нема такви информации.

Тој посочи дека со правилник донесен од претходната власт било овозможено производство на цвет од канабис со квалитет под стандардите, кој потоа би се користел за производство на масло што се пласирало на пазарот, што, според него, отворило простор за сериозни злоупотреби.

Потребна е сериозна истрага. Ова е само почеток. Од индициите што ги имаме и од она што МВР го работи – телефонски комуникации, разговори и друг вид докази – јасно е дека случајот ќе биде многу поголем“, нагласи премиерот, додавајќи дека институциите ќе одат до крај во расчистувањето на целиот синџир на одговорност.

Поврзани вести