
Францускиот институт и Скопје колаж колектив организираат еднодневна работилница за изработка на колажи „Употреби старо и создади уметничка сложувалка од архивата на Францускиот институт!”
Идејата е од архивски весници и постери на Францускиот институт да се создадат нови дела на слободна тема кои потоа ќе бидат изложени во излогот на Францускиот институт во текот на месец март!
Секој може да учествува – без разлика дали сте искусни колажисти или почетници, се што треба да имате е над 16 години!
Пополнете го формуларот за пријавување на линкот во коментар.
Бројот на места е ограничен – принципот е “прв дојден, прв услужен”!
Повеќе информации на www.ifs.mk
–

Македонски



