Skip to main content

Сопругата на грчкиот премиер доживеала несреќа, итно е оперирана во Италија

Марева Грабовски Мицотакис доживеала несреќа во саботата додека била во Италија заедно со својот сопруг и премиер на Грција, Киријакос Мицотакис.

Според информациите, сопругата на премиерот ги повредила двете раце и била оперирана во болницата КАТ.

Во болницата ја придружувал Киријакос Мицотакис, со кого претходно присуствувала на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Милано.

Операцијата на двете раце ја извршил Емануил Фандридис, директор на Националниот здравствен систем во Општата болница Атика КАТ, а воедно и раководител на Клиниката за раце и микрохирургија на горните екстремитети.

Грабовски Мицотакис е во добра здравствена состојба и се опоравува во болница.