
Потребни состојки:
– 1 јајце
– 2 лажици шеќер
– 8 г ванилин шеќер
– прстофат сол
– 125 г густ јогурт или кисела павлака
– 2 лажици масло од сончоглед
– 380 г брашно
– 8 г прашок за печиво
– 1 јаболко, ситно исечкано
– 1 рака суво грозје
– кристален шеќер за посипување
– масло за пржење
Постапка:
1. Во длабок сад, разматете го јајцето заедно со шеќерот, ванилиниот шеќер и прстофат сол. Додајте го густиот јогурт или киселата павлака и мешајте со жица додека смесата се соедини.
2. Во смесата додајте го маслото од сончоглед и промешајте.
3. Постепено додавајте го брашното помешано со прашокот за печиво. Потоа, вмешајте го ситно исечканото јаболко и сувото грозје.
4. Месете ја смесата со лажица, а потоа и со раце додека се добиете компактно и меко тесто.
5. Со лесно намастени дланки, кинете парчиња од тестото и формирајте топчиња со големина на орев. Редете ги на лесно набрашнета површина.
6. Загрејте масло во длабок сад на умерена температура. Спуштајте ги топчињата во топлото масло и пржете ги додека добијат златнокафеава боја од двете страни.
7. Извадете ги топчињата на кујнска хартија за да се исцеди вишокот масло, а потоа извалкајте ги во кристален шеќер додека се уште топли.

Македонски



