
Експлозивниот раст на вештачката интелегенција ќе донесе можности за луѓе со специфични знаења и вештини, а побарувачката за нив е веќе видлива на пазари како што се Соединетите Американски Држави.
Бидејќи технолошката индустрија се фокусира целосно на вештачката интелегенција, некои од најбараните работни места во Соединетите Американски Држави се поврзани со инженерство, консалтинг и истражување на вештачка интелегенција.
Побарувани се и квалификувани лица кои можат да гледаат подалеку од првичното усвојување на вештачката интелегенција и првиот бран на интеграција и лансирање производи. Тој тренд може да се види во брзиот раст на интересот за вработување консултанти и стратези за вештачка интелегенција.
Погледнете ги овие 5 работни места кои неодамна беа вклучени во годишната листа на LinkedIn за 25 најбрзо растечки работни места.
Инженери за вештачка интелeгенција
Вештачката интелeгенција има широк спектар на апликации, од напојување на роботски системи до развој на сложени алгоритми кои напојуваат генеративни чет-ботови.
Инженер за вештачка интелегенција може да изгради модели способни за извршување задачи со потребната производствена инфраструктура.
Треба да поседува обемно техничко знаење за градење агенти за вештачка интелегенција, оптимизирање на одговорите на големи јазични модели и обука на невронски мрежи, како и сеопфатни математички и статистички вештини.
Консултанти и стратези за вештачка интелигенција
Задачата на консултантите и стратезите со клучна експертиза во области како што се компјутерските науки и вештачката интелегенција е да им помогнат на компаниите да ја имплементираат вештачката интелегенција на начини што ги прават поефикасни.
Ова може да вклучува управување со проекти, долгорочно планирање и развој на етички и одговорни практики.
Анотатори за податоци
Градењето и обуката на модели за машинско учење честопати бара анотатори за податоци, познати и како аналитичари на содржина. Овој персонал е баран бидејќи компаниите се потпираат на нив за да оценуваат податоци, метаподатоци или сурови податоци со етикети или ознаки.
Овие белешки обезбедуваат контекст за статии, објави на социјалните медиуми, прегледи на клиенти, слики и видеа што се користат за обука на модели за вештачка интелегенција, овозможувајќи им да комуницираат попрецизно.
Истражувачи на вештачка интелигенција и машинско учење
Организациите ги прошируваат внатрешните тимови посветени на унапредувањето на генеративната вештачка интелегенција, а истражувачите имаат задача да дизајнираат и тестираат нови модели, алгоритми и идни апликации на генеративната вештачка интелегенција.
Тимот за истражување на вештачка интелегенција/машинско учење на Apple ја проучува технологијата, ги објавува своите истражувања и организира и присуствува на конференции за длабоко учење.
Google моментално има повеќе од 1.700 огласи за работа во своите истражувачки тимови, вклучувајќи истражувачки инженери и научници посветени на вештачката интелегенција во безбедноста и приватноста, рекламирањето, пребарувањето и оптимизацијата на машинското учење. Половата поделба е доста изразена: 74 проценти од работните места во оваа област се окупирани од мажи со просечно три години претходно искуство.
Техничари на центри за податоци
Во 2025 година, 61 милијарда американски долари ќе бидат потрошени за инфраструктура на центри за податоци што работи низ целиот свет, според извештајот на S&P Global.
На тие центри им се потребни специјалисти за хардвер, вклучувајќи техничари одговорни за надгледување на новите објекти и нивните серверски мрежи.

Македонски



