
Америлканската компанија „Локид Мартин“ потврди дека извидувачките беспилотни летала „RQ-170 Sentinel“ биле користени за поддршка на американската операција што доведе до заробување на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, што е ретко јавно признание за постоењето на високо доверливиот дрон, објави „Аксиос“.

„RQ-170“ е истото летало што беше користено за шпионирање на лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, пред повеќе од една деценија.
„Локид Мартин“ соопшти дека беспилотните летала биле распоредени како дел од операцијата „Апсолутна решителност“, заедно со борбени авиони Ф-22 и Ф-35, како и хеликоптери „Сикорски Блкехоук“.

Македонски



