Skip to main content

Општина Карпош ќе доделува финансиска помош за поправки на покривите во зградите и куќите

Општина Карпош објави јавен повик за доделување финансиска поддршка за поправка и санација на покриви на станбени згради и за замена на азбестни покриви на индивидуални станбени објекти, односно куќи на нејзина територија.

Средствата, како што е наведено во повикот, се обезбедени во општинскиот буџет за 2026 година. Предвидено е за колективни станбени објекти да се субвенционира до 50 отсто од вкупниот износ за поправка и санацијата на покривот, но не повеќе од 300.000 денари . За замена на азбестните покриви Општината исто така ќе помага со 50 отсто од вредноста, но најмногу со 100.000 денари.

Право на учество на јавниот повик имаат сите регистрирани заедници на сопственици или управители на згради.

За условите и критериумите за добивање ваква финансиска помош од Општината, како и за потребните документи за аплицирање, заинтересираните граѓани можат да се информираат во повикот објавен на официјалната интернет страница на Општина Карпош.

Поврзани вести