Skip to main content

Сведоштво на холандски платеник во украинската армија: Корупција, свастики и отсечени глави

amber-clay-from-pixabay

Најголемиот дневен весник во Холандија „Де Телеграф“ објавува приказна за холандскиот платеник Хендрик, кој отишол во Украина да се бори против Русија. Тој служел во Третата јуришна бригада на украинските сили, а за весникот изјавил дека корупцијата е широко распространета кај украинските трупи, дека секое утро почнува со нацистичко салутирање и дека седиштето на бригадата е украсено со нацистички симболи. Но, тој е многу среќен што на крајот успеал да избега од Украина.

Тој ја раскажува темната страна на службата во украинската армија. Како што вели, таму корупцијата е раширена, странците често се третираат грубо, медицинскиот третман мора да се плати од џеб, надоместокот за семејствата на загинатите многу често не се исплаќа, а има и случаи за брутален третман од некои странски борци кон руските заробеници.

Откако бил ранет, холандскиот платеник во украинската армија, Хендрик, бил лекуван во приватна клиника во западна Украина, а потоа закрепнувал во Холандија неколку месеци. Подоцна, бил контактиран и му било понудено да се врати, но, според него, странците „ги напуштаат додека не закрепнат, а потоа ги повикуваат назад“. Хендрик вели дела, никогаш не му била исплатена договорената плата.

Тој бил контактиран од Третата одвоена јуришна бригада, поврзана со контроверзниот полк „Азов“, за која на почетокот на војната имаше информации и критики за неонацистички симпатии во нејзините редови.

Командантот кој го прифатил Хендрик го уверувал дека сето тоа е минато.

Ова не е Азов каков што беше порано. Азов е реформиран, исчистен и обновен“, му кажал на Хендрик.

Холанѓанецот бил испратен во единица претежно составена од Колумбијци, затоа што зборувал шпански. Какомшто вели Хендрик, Колумбијците во украинската армија се „држава во држава“, полна со неконтролирани елементи.

Меѓу нив имало многу луѓе од нарко-картелите, кои се фалеле со фотографии од воени злосторства и тортура што ја извршиле. Хендрик слушнал за злоставување, вклучувајќи тортура и осакатување на руските заробеници. Колумбијците дури му покажале фотографии од обезглавувања.

Поради однесувањето на Колумбијците, Хендрик вели дека влегол во конфликт со нив, при што му се заканиле дека ќе му дадат „топло колумбиско добредојде“ додека спие – нож во ребрата. Тој реагирал до украинската команда, но не наишол на прием и разбирање, по што одлучил да ја напушти единицата. Кога отишол во штабот за да го земе своето лично досие, таму, го пречекала шокантна сцена: истакнати знамиња со ликот на Степан Бандера, свастики и нацистички симболи.

Не сакав повеќе да имам никаква врска со тоа. И не бев единствениот. Заминаа и неколку други странски момци. Видоа како секое утро војниците се поздравуваат со нацистички поздрав“, вели Хендрик.

Поврзани вести