Skip to main content

„Фајненшл тајмс“: Германија сака свој „Старлинк“ за војна со Русија

nasa-on-unsplash
nasa-on-unsplash

Германија планира да развива свој систем за сателитски комуникации за војската, своевидна алтернатива за американскиот „Стралинк“. Преговорите веќе се во тек помеѓу одбранбениот гигант „Рајнметал“ и вселенската компанија ОХБ, пишува „Фајненшл тајмс“ (ФТ).

Планот е да се лансира мрежа од сателити со ниска височина во орбитата коишто ќе обезбедуваат воени комуникации за Бундесверот, првенствено на источниот дел на НАТО. Поточно, поблиску до руските граници.

Мотивацијата за ваквите планови е тоа што официјален Берлин сака да биде помалку зависен од САД и од приватните американски системи како „Старлинк“, кои моментално активно се користат во воените конфликти. Германците сакаат своја, целосно контролирана инфраструктура за себе и за мисиите на НАТО.

Концернот „Рајнметл“ претходно доби договор вреден речиси 2 милијарди евра за сателитско извидување за германската армија.

Овие германски планови покауваат дека земјите на НАТО забрзано градат свои воени комуникациски и извидувачки капацитети во близина на руските граници, подготвувајќи се за нов вид конфликт – брз, технолошки напреден и контролиран од вселената.

Поврзани вести